Со СИДА заразил 300 сексуални партнери!


Човекот кој им рекол на американските власти дека имал сексуален однос со 300 луѓе од кога е потврдено дека е заразен со СИДА е обвинет дека намерно инфицирал една од жртвите со ХИВ вирусот.

sidaДејвид Ли Мангам денес пред судот во Декстер, Мисури, се изјаснил виновен за обвинението.Според судските записи, овој 36-годишен маж им рекол на детективите дека имал незаштитен секс со 300 партнери од кога пред десет години му била дадена дијагноза дека е заразен со ХИВ вирусот, од кој се добива СИДА.

Многу негови средби биле организирани преку интернет, им рекол на истражителите, и им објаснил дека се состанувал со мажите во парковите, на станици за камиони и на други оддалечени локации.

Полицијата верува дека многу негови партнери биле камионџии или други луѓе кои поминуваат низ тој крај, поради што стравува дека ќе биде тешко да ги најде и извести потенцијалните жртви, особено кога имаат предвид дека Мангам за нив знае многу малку.

Поради тоа властите им се обратиле на медиумите и од тогаш се појавиле нови потенцијални жртви, рекол обвинителот Расел Оливер.

Мангам е во притвор и одредена му е кауција од 250.000 долари.

Прелиминарното рочиште е закажано за 26 септември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1