Во излогот на продавницата за домашни миленици се појавил натпис “Продаваме мали кученца“. Едно момче, минувајќи покрај продавницата, посакало да ги погледне малечките кученца.
Колку чинат малечките? – прашало момчето.
Помеѓу 30 и 40 евра – одговорил трговецот.
Момчето извадило од својот џеб неколку ситни монети.
Јас имам само 2 евра и 37 центи? Може ли за овие пари барем да ги разгледам малечките?
Трговецет со насмевнал и свирнал неколку пати, па од куќичката во дворот дошла гордата мама со своите пет меки топчиња. Едно од малечките, заостанувало зад другите. Момчето се наведнало и го дигнало во раце болникавато малечко.
Што не е во ред со ова малечко? – запрашало момчето, загрижено и љубопитно.
Трговецот му објаснал дека кученцето се родило со една пократка нога и дека засекогаш така ќе се движи. Момчето воскликнало:
Тоа е кученцето што сакам да го купам!
Трговецот одговорил:
Ова кученце не мора да го платиш, ако навистина го сакаш, ќе ти го подарам!
Момчето се изнервирало и одговорило:
Не сакам да ми го подарите. Ова кученце е подеднакво вредно како и сите останати. Јас сакам да го купам по регуларна цена. Ќе ви дадам 2 евра и 37 центи, а останатите пари ќе ви ги исплаќам секој месец се додека не го исплатам.
А потоа, на изненадување на трговецот, момчето ја подигнало ногавицата на панталоните и го покажало својот дефект – наместо нога, момчето имало метална протеза од коленицата на долу.
Ни јас повеќе нема да можам да трчам, ни да скокам. На ова кученце му е потребен некој кој ќе го разбере, некој кој за него ќе се грижи и ќе го сака, баш таков каков што е!