Со воздушна пушка си ги барал неисплатените плати


Во Виница Г.А. (38) од Кочани телефонски пријавила дека на локалниот пат Виница – селото Јакимово, во просториите на објектот-мелница „Дарио пром-Спартак“, се случувала заложничка драма

grabezВ.А. (41), кој бил под дејство на алкохол и вооружен со воздушна пушка, почнал да го бара сопственикот Д.Р. (59) оти не му исплатил плати. Откако Г.А. се обидела да му ја одземе пушката, вооружениот физички ја нападнал и си заминал.

По кратко време дошол Д.Р. и заедно со Г.А. се упатиле за Виница, а на патот биле пресретнати од В.А., кој со кундакот од пушка го удрил Д.Р. во пределот на главата и побегнал. На Д.Р. и на Г.А. им е укажана лекарска помош во здравствениот дом во Виница, а В.А. е приведен во полиција за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1