Собирал камења од цел свет па изградил куќа од соништата


Градежниот мајстор од турското село Кајсери , Бекир  Јилдиз направил куќа од камења со различна големина и боја, кои сам ги собирал во различни делови на светот.

Јилдиз ги користел камењата кои ги собирал во Ерусалим и околу исламскиот објект за молитва Ал-Акса. Овој 60-годишен маж истакнал дека работел на градежни работи во Израел 16 години, но пред четири години се вратил во своето село Кајсери.

kamena-kuca-foto-anadolija-1404312767-527427Симпатичниот старец вели дека отсекогаш имал сон да изгради куќа од камења кои ги собира во странство и дека е многу среќен што конечно ја исполнил својата желба.

– Сакав во мојата куќа да имам траги од различни географски подрачја, а воедно и од мојата татковина. Еден пријател кој знаеше за мојата желба го напиша моето име на голем камент, уште додека работевме во Ерусалим. Во градот Ал Халил најдов камен на кој пишува „Алах“. И сето тоа помалку го пренесував со авион кога одев во посета на куќата. Еднаш од Израел донесов камен тежок 50 килограми и тоа во раце. На аеродромот ми правеа проблем и морав да се потрудам да ги убедам да ми дозволат да го пренесам. Во Турција сборав камења најчесто во Кајсери, Анталија, Анкара и околните села. сите кога ќе ја видат куќата се изненадуваат – изјавил Јилдиз.
Тој вели дека куќата испаднала онаква каква што ја замислувал, а неговата сопруга Ајша нагласила дека сите овие години Бекир сам ги носел камењата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1