На магистралниот пат Кичево-Гостивар синоќа околу 23 часот се случи сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобија три лица.
Во несреќата се судриле патничко моторно вило „БМВ“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.С.(23) од кичевското село Бериково и „Голф“ со кичевски регистерски ознаки управувано од А.Е.(19) од село Зајас.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила како и сопатникот од голфот А.Ј.(23) од Зајас, кои по укажаната лекарска помош во МЦ-Кичево, а поради сериозноста на повредите возачите биле префрлени во УЦ-Скопје, додека сопатникот бил префрлен во Болницата „Св.Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.