Собранието го изгласа буџетот на Специјалното обвинителство


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 71. седница едногласно и без дебата го одобри буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, пренесе МИАkatica janeva2

Според образложението на Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2015 година, со цел обезбедување на финансиски средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Согласно Финансовиот план, средствата во износ од 63.420.428 денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното обвинителство за последниот квартал од 2015 година.

Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1