Собранието го укина екстерното тестирање – локалните избори во октомври


Собранието ги донесе измените во законите за основно и средно образование со кое се укинува екстерното тестирање. Законските решенија стапуваат на сила денот кога одлуката ќе биде објавена во службен весник. Со 64 гласа ЗА пратениците ги донесоа законите по скратена постапка откако претходно беа предмет на гласање на матичните комисии кои се формираа на денешната седница. Инаку првиот датум за екстерно тестирање е закажан за в понеделник на 5 јуни.

Пратениците ги донесоа и измените во изборниот законик за одржување на локалните избори во првата половина на октомври. Со ова законско решение продолжува мандатот на актуелните градоначалници и советниците во општините се до изборите.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради како што рекоа обидот за убиство на поранешниот пратеник, министер и вицепремиер Никола Тодоров. Пратеникот Ѓорчев на почетокот од седницата побара одложување на работата во собранието за утре поради овој инцидент, но не беше прифатено.

Претходно беа верифицирани мандатите на новите 5 пратеници кои дојдоа на местото на изгласаните министри од СДСМ, и пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО ДПМНЕ која доаѓа на местото на Тодоров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1