Собранието ја почна расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2017


Собранието на Република Македонија денеска ја почна 125. седница со расправа по Дополнетиот предлог Буџет на државата за 2017 година.

Пред пратениците предлогот го образложува министерот за финансии Кирил Миноски.glasanje izbori sobranie

Во рамки на оваа седница пратениците треба да гласаат и за одлуката за негово распуштање за што предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Предлогот за распуштање е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според предлагачите, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

Меѓу точките на оваа седница се и Предлогот за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност и на Законот за банките, како и Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2017 година.

Не беше прифатено да се дополни дневниот ред со предлог закони за продолжување на рокот на СЈО и за заштита на сведоците.

По завршувањето на оваа седница, Собранието треба да ја одржи 122-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1