Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 19 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека законот не биде донесен. Законодавниот дом ќе биде во постојано заедание се до неговото распуштање во недела.
По тензичниот почеток, во попладневниот дел седницата доби извесен тек, но доминираат довикувања од место, процедурални забелешки, реплики и контраобвинувања.Сеуште е неизвесно дали власта има двотренско мнозинство.
не можеше да се слушне ништо ново, освен предлогот на Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ која апелира, секој што е засегнат во некои од судските случаи, истражни или предистражни постапки, да не влегува во расправа за законот.
-Кога сме засегнати, добро е да не говориме зашто граѓаните ќе речат дека сме пристрасни. Имам свое мислење за законот и кога ќе дојде време ќе го кажам. Добро е да има добро законско решние за конечно да завладее правото и граѓаните да чувствуваат правна сигурност. Жал ми е што денес гледам како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во самоуништување на партијата. Би сакала ова да престане веднаш и личните наши работи да ги оставиме по дома – истакна Рангелова.