Освен милиони за патни трошоци – Ако пратеникот има стан помал од 80м2 има и надомест за закуп на стан!


Дваесет и тројца пратеници имале сопствени станови или на име на блиските во Скопје, но добивале и пари за патни трошоци во последните четири години. Ова е само една од привилегиите на народните избраници кои се платени од државната каса.

Државната комисија за спречување на корупцијата денес ја презентираше анализата на патните трошоци во периодот од 2015-2019 година на пратениците во собранието на РСМ .

Три милиони евра наплатиле пратениците за патни трошоци од 2015 до 2019 година, објави Државната комисија за спречување корупција. Годишната сума се намалила од 770.000 евра во 2015 на 390.000 евра лани, главно поради известувањето на медиумите и притисокот на јавноста, смета претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Иако имаат законска можност, ниеден пратеник не го користи правото на беспатен превоз со воз.

Во измените на законот од 2005-та година стои дека пратеничката функција се врши професионално,што подразбира редовно работно време. Според извештајот на ДКСК во овој период е утврдено дека 23 пратеници иако поседувале сопствен стан сепак користеле и трошоци за превоз.

„Според податоците коишто ги добивме намалувањето се должи на фактот само 3 пратеници користеле право на стан,а во 2017-2018 ова право го користеле 15 пратеници.“-Вели Катица Николовска, член на ДКСК

Пратениците за користење на стан во Скопје добиваат надомест во површина од најмалку 80метри квадратни во износ од 400 евра закупнина плус 100 евра режиски трошоци

„Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп. Исто така, со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорте за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, на пример без разлика на местото, на локацијата и површината на станот, сите подеднакво земаат по 400 евра надомест, плус 100 евра надомест за режиски трошоци,“ вели Николовска.

Комисијата препорачува законски измени во смисла на консолидирање и усогласување на законската и подзаконската регулатива со реалните можности на државата и потребите на според јасна методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1