Собранието ја разреши техничката министерка Рашела Мизрахи


Во 03:50 после полноќ Собранието на Република Македонија со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, поради тоа што не прифати да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи за чие разрешување вечерва дискутираа пратениците.

Премиерот Оливер Спасовски во својот говор на седницата за барањето кое тој го поднесе, рече дека таа го прекршила Уставот на Република Северна Македонија и Преспанскиот договор, па затоа треба да биде разрешена.

Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми Ризова Трајанка била член на партизанската бригада ‘Добри Даскаловски’ која крварела за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија! Благодарам, заврши Мизрахи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1