Собранието се распушта на 11 февруари – Џафери ќе распише избори


Собранието ќе се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа собранискиот спикер Талат Џафери ќе распише предвремени избори.

На крајот на месец декември треба да се избере техничката Влада, откако премиерот Зоран Заев до 3 јануари следната година треба да си поднесе оставка од премиерската позиција.

По последната лидерска средба во Вила Водно, Заев најави дека предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април.

  • Тој датум ќе биде Велигден и од тој датум почнуваат и постите за муслиманите, па одлучивме тоа да биде и датумот на избори. СДСМ побара предвремени парламентарни избори да се одржат на 22 или 29 декември. На ова реагираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и побара друг термин, во март или април. На крајот постигната е согласност за 12 април. Лидерите на политичките партии се согласија дека наредната година треба да се спроведе и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори, рече Заев по лидерската средба која се одржа неодамна.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1