Собранието заседава – ќе го ратификува договорот за името со Грција


Договорот за решавање на спорот со името денеска треба да биде ратификуван во рамки на 51. седница на Собранието на Репубика Македонија.Во Собранието почна седницата за ратификација на Договорот со Грција.

Oпозицијата и пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ не присуствуваат во салата.

Шефот на дипломатијата Ниола Димитров на собраниската седница која започна вчера рече дека Грција согласно договорот, по неговото ратификување во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.

– Јунскиот совет е пред нас, министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми се клучни за европската перспектива на нашата земја и зависат од ратификацијата на спогодбата. За да ги испорачаме овие резултати предлагаме Собранието да одлучи законот да се донесе по скратена постапка. Со ратификацијата се отвора можноста граѓаните да се изјаснат за својата иднина на есенскиот референдум, рече Димитров.

По донесувањето од страна на Парламентот договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише.

Претседателот на државата во своето неодамнешно обраќање кажа дека нема да го поддржи ниту да го потпише договорот за спорот за името, кој според него, е штетен.

Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Собранието вчера ја започна постапката за ратификација на договорот, кој се носи во скратена постапка и со европско знаменце. По констатирањето на потребата за негово носење со 69 гласа „за“ и 40 „против“, се одржаа седници на Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Против договорот гласаше опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници ја напуштија работата на Собранието по ова прашање откако не беа прифатени нивните забелешки дека договорот треба да се разгледува на Комисијата за надворешни работи, каде претседател е поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од оваа партија Антонио Милошоски. Тие се против менување на Уставот за промена на уставното име, што се предвидува со договорот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев изјави дека договорот е едностран, претставува капитулација за државата и геноцид за македонскиот народ. Според него, се наметнува ново име на државата и се крши уставот, со тоа што е прифатено да се користи за внатрешна употреба. Го обвини претседателот на Собраниети Џафери дека го крши собраинскиот деловник, законите и Уставот.

Министерот Димитров имаше обраќање и пред членовите на Комисијата за европски прашања.

– Договорот за името со Грција е компромис, со кој и ние и нашите грчки пријатели настојувавме низ сите овие месеци да го зачуваме тоа што ни е најбитно. Ние од наша страна се обидувавме и успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ, а Грција се обидуваше да добие дистинкција меѓу Македонија – државата и Македонија – регионот во Грција. Тоа е суштината на оваа спогодба, истакна Димитров, кој е потписник на договорот од македонска страна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1