Засилено полициско обезбедување пред Собрание


И денес Собранието е под засилено полициско обезбедување каде во 11 часот се очекува да започне пленарната седница за ратификација на договорот со името.

Иако нема официјално соопштение за одржување протест, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат и не се исклучува можноста денешната пленарна седница да биде проследена со протести против ратификација на Договорот со името.

Инаку, граѓаните и вчера самоиницијативно дојдоа пред Собранието да го искажат своето незадоволство од преговорите за промена на името и договорот со Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1