Сочуство од Горбачов до семејството на Буш


Последниот лидер на Советскиот Сојуз , Михаил Горбачов изрази искрено сочуство до семејството на починатиот поранешен претседател на САД , Џорџ Буш.

Горбачов изрази сочуство до семејството на Буш и до сите Американци. Тој со Буш соработуваше на крајот на Студената војна , пред крајот на 80 – тите и почетокот на 90 – тите години , кога се распадна СССР и падна Железната завеса во Источна Европа.

,,Тоа беше време на големи промени , кои бараа висок степен на одговорност од сите. Резултатот беше ставање крај на Студената војна и трката во вооружување.” , изјави Горбачов за руската агенција Интерфакс.

Горбачов истакна дека тој и неговата сопруга Раиса многу го ценеле вниманието , љубезноста и едноставноста на Џорџ и Барбара Буш , како и другите членови на нивното големо , пријателско семејство. Џорџ Буш почина вчера во 95 – тата година од животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1