Софи Грин е родена без раце, но таа може буквално се да прави со своите нозе – да јаде, да пишува, да се облекува и се што можете да замислите.
Таа е родена во Кина, а ја посвоила брачна двојка од Јута, САД, кога имала само две години.
-Се сеќавам кога ја посвоивме и таа го доби својот прв сладолед. Мислев јас да ја хранам, па така го држев во раката, а таа само го грабна со своите мали стапалца и си го изеде сама. Бевме запрепастени и оттогаш знаевме дека таа би можела да прави се, вели Кристен, нејзината посвоителка.
Верувале или не, Софи обожава да танцува и тоа одлично го прави.
Кристен и нејзиниот сопруг Џереми сакале да ја посвојат сестрата на Софи, Лекси, која е слепа. Тие ја виделе Софи и решиле и неа да ја посвојат. Иако имало проблем со посвојување на две деца одеднаш, им дозволиле бидејќи и двете биле со хендикеп.
Кристен и Џереми досега посвоиле седум деца со хендикеп.
Погледнете како растела Софи.