Софија Вергара е во проблеми: Бившиот сака да ѝ ги одземе ембрионите


Пред да ја прекинат својата врска Софија Вергара (44) и Ник Леоб (41) дадоа да се замрзнат два женски ембриони кои требало да ги роди сурогат мајка. Лоеб инсистира дека ембрионите му припаѓаат нему и сака во секој случај да се родат. Во име на ембрионите ја тужел Софија Вергара, која во меѓувреме се омажи за актерот Џое Манганиело (39) и и збранува да ги користи ембрионите. На судот во сојузната држава Калифорнија се води спор во кој адвокатот ги застапува ембрионите и „нивното право да се родат“.nick-loeb-sofia-vergara-today-150506-01_eafc59e030271155e8650b0fd72c4df5-today-inline-large-1

Софија се брани со договорот во кој стои забраната за користење на ембрионите ако двете страни со тоа не се согласуваат.

Софија на судот во Калифорнија сакала да докаже дека претприемачот и милионер Лоеб не го интересираат ембрионите и нивното право на живот, туку само го интересира одмаздата. Тоа го направила повикувајќи како сведоци две поранешни љубовници на Ник Лоеб кои рекле дека Ник ги принудил на абортус откако забремениле со него. Лоеб, сфаќајќи дека во либералната Калифорнија веројатно ќе го изгуби спорот, се обидува ембрионите и судењето да ги пресели во конзервативната Луизијана, која е единствената држава каде што ембрионите имаат права, и инаку е позната по законите кои помалку ги земаат предвид желбите на мајката, а повеќе се грижат за неродените.

Ник Лоеб е од Флорида, но факултет завршил во Луизијана, па „фатил врска“ за судењето да го префрли во државата која најмногу му одговара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1