Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но сум член во комисијата. Јас сум поптпишана на местото на Анастасика Поповска, што не значи дека се согласувам со одлуката. Одлуката дојде од повисоко ниво, се чекаше да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон – изјави за ТВ НОВА докторката Аспазија Софијанова.
Според Софијанова, одлуката за лекувањето на деветгодишната Тамара Димовска, која почина вчера, се договарала по телефон, затоа што таа не била во државата во тој момент.
Софијанова објаснува дека не била претседавач на Комисијата, туку само ја менувала доктор Анастасика Поповска, инаку мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период.