„Се работи за двегодишно дете донесено вчера на Клиника околу 15.15 часот, по претходно чистење на стомачето по претпоставка дека евентуално консумирало одреден отров за глувци. Претпоставката дека детето евентуално го земало отровот, ги навело колегите во Штип да се исчисти стомачето. Не се најдени никакви траги од евентуалниот отров, но за секој случај е донесено на Клиника бидејќи може да настанат подоцнежни компликации од тој отров. Сега детето е во стабилна состојба. Испитувањата покажуваат уреден наод со никакви компликации и знаци дека евентуално доколку го земало тој отров стигнало во циркулацијата,“ изјави Софијанова, пренесува Точка.
Таа очекува последните резултати кои треба да пристигнат за еден час дека ќе бидат добри и мајката и детето ќе ги пуштат дома.
Според нејзе, ако кај детето имало знаци на труење тоа ќе дало реперкусија барем во еден дел од клиничката состојба, а до сега нема знак на пореметување во клиничката и во хемиската лабораторија.
„Колегите од Штип постапиле исправно, спречиле да не било случајно консумирано.Тоа што се случувало го знаат оние околу него, а ние дејствуваме за најлошото и очекуваме најдобро,“ додаде Софијанова.