Сокови за деца со сомнителен квалитет – внимавајте што купувате


Изминативе два дена во јавноста излезе информација за сокови за деца кои се продаваат по ниска цена, но со квалитет што е крајно спорен.

Детски сок, спакуван во колоритна и шаренолика амбалажа, доволно упадлива да ги заинтригира детските очи, посебно оние деца кои се доволно големи да купуваат сами, а недоволно да знаат да оценат што е добро а што не.Supermarket

На чистиот „отров во невина детска амбалажа“, како што беше квалификуван од загрижениот родител, стоеше едвај читко наведена листа на емулгатори и адитиви од различни категории, со силна моќ кон вештачко креирање на вкусот и уште посилно негативно влијание врз здравјето, моториката и когнитивните способности на децата.

Најиндикативно кај овој производ беше цената од 5 денари.

Цена доволно допадлива за децата, кои не знаат доволно и чија логика достига до заклучокот „помалку значи повеќе за мене“ но исто така и за несовесните, кои без грам совест и скрупули токму ваков производ создаваат и го прават најдостапен.

Кога на тендерите најважен фактор е цената може само да замислиме што нашите деца консумираат а притоа ги едуцираме за здрава исхрана и здрав начин на живот.

На македонскиот пазар има голема понуда на производи што се различни по цена и секако по квалитет.

Според општо прифатеното правило, поголема цена значи и поголем квалитет и спротивно, ниската цена значи нискоквалитетен производ.

emagazin.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1