Некои историчари сметаат дека Тито посакувал уште помоќна, поголема Југославија, која не би била само регионална сила, туку светска велесила.
Некои и денес со носталгија се сеќаваат на Југославија и сметаат дека тогаш животот бил многу поедноставен, безгрижен и безбеден, додека други веруваат дека Југославија била вештачка творба која со децении насилно се обидувала да собере и да држи во заедница неспоиливи народи.
Но, кој всушност знае каква би била судбината на Југославија кога би се остварил планот на Јосип Броз Тито кој на многу мал дел од јавноста ѝ е познат.
Некои историчари сметаат дека Тито посакувал уште помоќна, поголема Југославија, која не би била само регионална сила, туку светска велесила.
Историчарката Сабрина Рамет за Blic изјавила дека Тито во времето на СФРЈ сакал да создаде интегрална Југославија, која би ги вклучувала пограничните области околу Југославија: Грција, Тракија, Албанија, Бугарија, барем еден дел од австриската Корушка, како и целата италијанска провинција Фриули-Јулијската област.
Меѓу поддржувачите на југословенскиот иредентизам биле и монархистите и републиканците во ерата пред создавањето на Југославија во 1918-та година. Сабина Рамет се повикува и на изјавата на политичарот Светозар Прибчевиќ дека Југославија требала да се простира “од Соча до Солун”. Можеби најчудно на оваа карта делува тоа што како дел од Југославија се наведени и Бугарија и Албанија.
Сепак се наведува дека политичкото движење “Звено” во Бугарија ја поддржувало идејата за вклучување на Бугарија и Албанија во заедничката држава на Јужните Словени. Движењето “Звено” учествувало во државниот удар во Бугарија во 1934-та година. Тие барале сојуз со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада за време на Втората светска војна ја поддржала идејата за создавање на Голема Југославија. По Втората светска војна, тито објавил дека Југославија ги поседува правата на Трст и цела Каринција, вклучувајќи ја и Австриската Корушка. “Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ќе се бориме за неа”, порачувал Тито.
Покрај тоа, се појавила интересна мапа која проектира како би изгледала СФРЈ кога плановите на Тито би се реализирале – и тоа во двата случаи:
* Визијата на маршалот која ги вклучувала и Албанија и делови на Романија и Грција, како и Солун
* Кога Бледскиот договор помеѓу Тито и Димитров би ја вклучил и интеграцијата на Бугарија во заедницата на југословенски земји
Авторот на необичната мапа истакнува дека во некој “паралелен унивезум” комунистичката револуција во Грција барем делумно успеала, со што некои делови од земјата би се отцепиле и придружиле кон Југославија. Истото се однесува и за Влашка, поранешното кнежевство, а денес историска покраина Романија. Кога случајно ова неверојатно сценарио би се остварило, Југославија би се простирала, како што е наведено во текстот, од Клагенфурт до Истанбул.
Интересно е што во ова сценарио, главен град на Македонија е Солун, а не Скопје.