Во центарот на Скопје пред малку дојде до полициска интервенција насочена кон групата демонстранти собрани пред зградата на Собранието, да го изразат својот револт против промената на името на Македонија. ТВ21 од видео материјалот што го обезбеди има сознанија за двајца повредни полицајци и едно уапсено лице.
Демонстрантите фрлаа предмети кон полицијата во обид да го разбијат обезбедувањето околу Парламентот.
Десетици борни коли беа распоредени во околината. Облакот солзавец брзо се рашири наоколу, по што толпата се оддалечи од зградата на Собранието на Македонија.
Во моментов состојбата пред Собранието е мирна но тензична, откако пред околу половина час полицијата со солзавец растера насилни демонстранти кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името.
Протестот беше организиран предку социјалните мрежи, a според првичните информации имало околу 2.000 демонстранти.