Како што доликува на некој што добива наградна за животно дело, или трајни вредности, како и да се вика годинава, Игор Џамбазов, ја изведе легендарната My Way од Френк Синатра, и ја замолкна публиката, а на крај секако доби и громогласен аплауз.
Џамбазов пееше за својот живот, хронолошки и креативно, авторски, онака како што само тој може.