Сомнителен тендер во министерството за здравство


Фирма формирана во април годинава е единствена пријавена на тендерот тежок 35 милиони евра за набавка на реагенси. Станува збор за голема набавка за наредните три години, која ќе овозможи биохемиските лаборатории да се сведат на само осум во државата, а крвта за анализа ќе се транспортира од еден во друг град.

Kако што пишуваат медиумите онудата била отворена пред неколку дена во Министерството за здравство. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека се работело за фирма регистрирана со странски капитал, со влог од пет илјади евра. Фирмата нема своја интернет страница, ниту пак е познато колку вработени има.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека јавното здравство тоне во скандали. Обвинуваат дека наместо животот и здравјето на пациентите, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ. Најголемата опозициска партија бара да се откаже од овој, како што велат, скап, сомнителен, но пред се штетен проект.

Министерството за здравство ги демантира шпекулациите во врска со тендерот, како и информацијата дека договорот е доделен на една фирма. Во соопштението сепак потврдуваат дека до крајниот рок за поднесување на понуди пристигната е само една понуда.

Министерството за здравство ќе ја разгледа понудата со целокупната документација во законски одредениот рок. Во моментов постапката е во фаза на евалуација и сеуште не е спроведена електронска аукција. Целата постапка беше отворена за јавноста и процесот беше транспарентен, соопштуваат од Министерството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1