Сомнителното млеко од „Дукат“ не е во промет, во четврток ќе се знае дали е токсично


mlijekovindijadukatpovlacenjeДо четврток ќе се знае дали увезените 360 литри сомнително млеко од „Дукат“ има афлатоксини.

Како што соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Се наоѓаат во магацините на дистрибутерите.

Според Рунтевски, контролите на афлатоксини во млеко не се дел од редовните анализи на граничните премини. Обично се спроведуваат по добивање евентуални сознанија за можно присуство на недозволени супстанци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1