Сончево и топло, до 20 степени викендов – но после не чека невреме


Времето денеска ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 20 степени.

Во Скопје слично време со температура од нула до 19 степени.

Во понеделник се уште ќе биде топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, најпрво во западните делови. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1