СОНК најави генерален штрајк на 11 ноември


На 11 ноември годинава СОНК ќе организира генерален штарјк. Ова беше најавено на денешната седница на Советот на СОНК, од каде што додаваат дека даваат 15 дена период на помирување. СОНК бара да се зголеми платата повеќе од 10 отсто и да биде тоа од први јануари, а не од април како што беше најавено.

На СОНК зголемувањето на платите во образованието му беше предложено на 8 октомври на средба во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Адеми со лидерот на СОНК, Јаким Неделков.

Синдикатот соопшти дека ќе одговори откако ќе ги добие мислењата од членството преку нивните регионални организации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1