Сонце, дожд и снег- еве какво време не` очекува оваа недела


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, а во источните делови со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од 10 до 22 степена.oblaci sonce vreme mk

Во Скопје ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во среда попладне под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјава каде на планините ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч.

Преодно стабилизирање се очекува во четврток, а од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1