Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне во северозападните и во источните делови е можна појава на изолирана нестабилност а ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со максимални 30 степени. Во попладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност и слаб до умерен северен ветер.