Сонце ќе имаме цела недела – неделна прогноза


Надпросечно топлите денови ке продолжат и во наредната недела, кога не очекува сончево и стабилно време, но со постепен пад на температурите. Еве ги деталите за неделната прогноза:

22.10.2012 (Понеделник) – По студеното и магловито утро, во текот на денот ке биде сончево, топло и ветровито. Ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни ке достигнат до 17°C односно до 26°C.

23.10.2012 (Вторник) – Во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ке биде сончево и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од 1°C до 11°C, а максималните дневни ке се движат од 17°C до 26°C.

24.10.2012 (Среда) – Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ке биде сончево. Ке дува слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 0°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 16°C односно до 25°C.

25.10.2012 (Четврток) – Појава на магла во утринските часови ке има и во четврток. Во текот на денот ке биде сончево, невообичаено топло за овој период од годината и ветровито. Слаб ветар, а во западните предели ке дува засилен западен и северозападен ветар. Утринските температури од 0°C до 11°C, а максималните дневни ке достигнат до 17°C односно до 25°C.

26.10.2012 (Петок) – Во Македонија во петок ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува слаб променлив ветар, а во западните предели ке дува засилен северозападен и западен ветар. Утринските температури ке се движат од 0°C до 11°C, а максималните дневни од 17°C до 25°C.

27.10.2012 (Сабота) – Во сабота претпладне ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и ветровито. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели силен југозападен ветар. Ветерот понекаде ке достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ке се движат од 2°C до 13°C, а максималните дневни ке достигнат до 16°C односно до 24°C.

Од недела следува промена на временската состојба, продор на влажна и постудена воздушна маса која ке услови врнежи од дожд но и пад на дневните температури.

28.10.2012 (Недела) – Во недела во Македонија ке биде облачно со врнежи од дожд. Слаб променлив ветар. Поради облачното време утринските температури ке бидат во благ пораст па ке се движат од 4°C до 14°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 13°C односно до 21°C.

Од 29.10.2012 следува осетен пад на температурите

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1