Сонце претпладне – дожд и ветар попладне – прогноза и за викендот


Во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне во северните, североисточните и северозападните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд (шансите се мали но мора да се напомене). Ќе дува слаб југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во засилен северозападен, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер.

sun windВетерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд (шансите се мали но мора да се напомене). Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C.

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C.

Во сабота по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 29°C.

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и постудено со пад на температурите. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.

weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1