Сонцето наскоро ќе се сврти „наопаку„


Сонцето во наредните недели, би требало да се сврти наопаку, поради менувањето на неговото магнетно поле, а ова случување би можело да влијае на целиот соларен систем

sonce poloviИако ова може да изгледа како случување со катастрофални последици, нема потреба човештвото да се плаши.
Сонцето го заменува својот поларитет, ротирајќи го својот север и југ, а тоа се случува на секои 11 години, со помош на интерниот механизам за кој луѓето имаат многу малку знаење.

Оваа замена би можела да доведе до промена на времето во соларниот систем како што се геомагнетни бури, кои можат да влијаат на сателитите и да предизвикаат прекин на радио врските.

Научниците во наредните неколку недели нема да знаат дали дошло до смената се додека истата не заврши.

Последниот соларен максимум беше во 2000 година и НАСА тогаш предвиде дека истиот повторно ќе биде во 2011 и 2012 година.

Физичарите тогаш предупредуваа дека следниот врв ќе биде најсилен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1