Сонцето од Вергина ќе мора од секаде да се отстрани во рок од 6 месеци


Во рок од шест месеци од стапувањето на сила на договорот со Грција, земјава ќе треба да го испита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктури на нашата територија и доколку тие на кој било начин се однесуваат на античката историја на Грција и на цивилизацијата што претставува интегрален дел од историското или културното наследство на Грција, ќе преземе соодветни корективни мерки за да може ефективно да се реши прашањето и да се обезбеди почитување на наследството.

Ова е предвидено во договорот кој Македонија и Грција се очекува да го потпишат викендов до цел решавање на дводеценискиот спор за името.

Како што веќе најавија од Владата, споменикот Воинот на Коњ ќе се преименува во Александар Македонски и ќе се даде објаснување во рамките на споменикот за кого станува збор, односно дека Александар Македонски, како дел хеленскиот антички период е светско културно наследство. Нема да се урива ниту споменикот на Филип II Македонски и на Олимпија.

Согласно договорот, земјава не смее повторно да го користи на кој било начин и во сите негови форми симболот прикажан на поранешното национално знаме. Во рок од шет месеци од стапувањето на сила на договорот, земјава ќе го изврши остранувањето на симболот прикажан на поранешното национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзината територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опсегот на оваа одредба. Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес, што значи дека химната, грбот и знамето остануваат и тука ништо не се менува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1