Сообраќајка кај Гевгелија – Шекеринска била во едниот од автомобилите


Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзините родители биле во едно од возилата што утрината учествуваа во сообраќајната несреќа кај надвозникот кај село Мрзенци, на автопатот Скопје – Гевгелија, потврдија од партијата.sekerinska 32

Официјалните информации од полицијата говорат дека во несреќата учествувале автомобил „Мицубиши“, со скопски регистерски ознаки управуван од 68 годишниот А.Ш., а сопатничка била Р.Ш. (44). Во несреќата учествувал и автомобил „Шевролет Авео“ со гевгелиски ознаки управуван од 27 годишната Б.Т. која со полесни повреди е пренесена во гевгелиската болница.

– Ја информираме јавноста дека денеска, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија), се случила сообраќајна незгода при што возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба, стои во соопштението од СДСМ.

СВР Струмица претходно информираше дека во сообраќајната незгода едно лице е полесно повредено, а сообраќајот на оваа делница се пренасочува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1