Цел документарец: Сведоштва на хероите – Спасувавме луѓе додека водата ги полнеше куќите


„Се погледнавме со колегите не можевме веќе да чекаме, влеговме во просторот кај што беше водата надојдена и успеавме 15 лица да ставиме во едно возило и да ги однесеме на безбедно на пунктот кај што беше за прифаќање“.braniteli-svedostva

Ова е дел од сведоштвата на хероите кои пожртвувано помагаа во поплавените подрачја. Невремето кое го зафати Скопје пред 11 дена за жал со себе однесе и жртви, а предизвика и голема материјална штета.

Во документартецот на ТВ НОВА хероите од терен ги даваат своите сведоштва. Вистински приказ на тоа со каква катастрофа се соочи Македонија пред 11 дена. Водата носела се пред себе, но овие луѓе не мислеле на своите животи, туку единствена цел им била да спасат што повеќе луѓе од загрозените подрачја.

Еве дел од нивните сведоштва

„Ова се случува во девет и петнаесет, девет и пол, во саботата додека уште траеше поплавата, ударот, првиот бран. Во овој правец,  после џамијата имаше заглавено трактор, со предните тркала беше влезен во дупка, како што вртела водата направила дупка и тракторот дали беше донесен дали беше… Беше на сред улица, значи неможеа никакви екипи да пристапат! Се слушаше за големи жртви во Стајковци и моравме да се пробиеме, да ја видиме ситуацијата, да ги известиме нив, да знаат што понатаму. Го тргнавме тракторот, го обезбедивме правецот, после дојдоа булдужерите, малце колку толку  ја зарамнија дупката за да можат камиони, брза помош и тие работи да се пробијат до Стајковци“.

„Имаше граѓани кои што кажуваа дека ги оставиле семејствата дома и кај што имале информација последна дека се полни првиот спрат продолжува водата да се полни кон вториот спрат, одевме кон тие куќи и извлековме многу од граѓаните кој што беа на лице место таму“.

Погледнете го целиот документарец на Тв Нова

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1