Почина Тони Т. од Охрид еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу мотор и автомобил на патот Охрид – Св. Наум кај Лагадин.
17-годишниот сопатник на починатиот мотоциклист Б.С исто така од Охрид е тешко повреден.
Како што соопшти СВР Охрид во несреќата учествувале патничко возило и мотоцикл со охридски регистарски таблички.
Од засега неутврдени причини дошло до директен судир при што тешко настрадале возачот и сопатник на мотоциклот.
Двајцата биле пренесени во охридската општа болница, каде по неколку часа на повредите им подлегнал сопатникот на мотоциклот роден 1995 година, додека возачот по укажаната помош со тешки телесни повреди е упатен на скопските клиники.