СООБРАЌАЈКA КАЈ ПРИЛЕП: Едно лице загина, две се повредени


Вечерва околу 19:30 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола кај селото Алинци. Загинало едно лице во судир на автомобил „опел астра“ со битолски таблички и шлепер со скопски регистарски таблички, јави Шеталиште.

Според сајтот, сообраќајката се случила така што автомобилот директно се судрил со шлеперот.policija nokni ku

Кратко после трагичната сообраќајка, не забележувајќи ја колоната од возила и реагирајќи предоцна, се судриле уште неколку возила, при што две лица се повредени. Тие се пренесени во Градската болница во Прилеп.

Шеталиште известува и дека на излезот од Прилеп кон Плетвар, кај бензинската станица на „Лукоил“ е најдено оштетено возило за за кое се уште нема потврда дали е предмет на напад или сообраќајна несреќа.

Полицијата е на терен и врши увид на сообраќајните несреќи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1