Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи на автопатот Гостивар-Тетово во близна на надвозникот за село Градец, информираат од СВР Тетово. Повредените се згрижени во гостиварската болница, а повеќето по укажаната помош ќе бидат пуштени дома.
Во сообраќајката учествувале „поло“ кое го управувала П.Ф. (43) од Гостивар и „цитроен“ управуван од М.Т. (40) од Скопје.
Според првичните сознанија од увдидот кој е во тек, жената која го управувала „полото“ се обидела да избегне автомобил кој на автопатот стоел заради дефект и нагло закочила. При тоа „цитроенот“ кој се движел зад „полото“ со голема брзина го удрил во задниот дел.
Во судирот повредени се возачот и тројца сопатници во „полото“, како и возачот и двајца сопатници во „ситроенот“. Според извори од гостиварската болница, ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Во моментов додека трае увидот, нема прекин на сообраќајот, но се обезбедува местото на настанот.