Oрјан: Заев не се сретна со заменик шефот на Мосад


Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.zaev

– Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот за внатрешни работи Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.

Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1