Сообраќајка на автопатот Скопје – Велес – повредени 4ца штипјани


Четворица штипјани се повредени утринава кога нивниот автомобил ауди 80 движејќи се по автопатот Велес – Катланови излетал од патот. Несреќата се случила околу 10 чаасот на еден километар пред катлановскиот тунел. Од засега неутврдени причини, возилото првин удрило во заштитната ограда а потоа неколку пати се превртело. Од силината на ударот, беше откорната 20-тина метри од оградата.soobrakjajk

На овој дел од патот не се изведуваат градежни работи. Овде максималната брзина на движење изнесува 100 километри на час.

Веднаш по несреќата, четворицата патници на возраст од 20 до 40 години се пренесени во скопската болница Свети Наум Охридски. Кај нив лекарите утврдиле набиеници по телото и по укажаната помош се упатени на домашно лекување. На местото на несреќата направен е увид кој треба да ги открие причините за илетувањето на возилото.

Инаку на автопатот Велес-Катланово порада густата магла е намалена видливоста на околу 30 метри. Утринава дополнителен проблем за возачите бил и влажниот коловоз.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1