Утрово, околу 6 часот на патниот правец Охрид- Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила- „Форд“ со скопски регистарски таблици и „Мазда“ со австриски таблици
– Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и се вон животна опасност, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило „Мазда“, поради невнимание, преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во другото возило.