Младоженеци и кумови, затруени со салмонела: Дошле во Скопје по венчаница, завршиле во болница


Младоженецот од Штип заедно со неговата сестра, невестата и кумовите се затруле од храна купена во позната сендвичара во строгиот центар во Скопје и завршиле на инфективното одделение во Штипската болница. Анализите на мострите од сендвичарата се во тек, и доколку се потврди дека се работи за труење ќе поднесам тужба, изјави за Вечер штипјанецот Лазар

Младоженец и неговата сестра, невестата и кумовите, наместо да ги прават последните подготвки за свадбата што треба да се случи овој викенд, се лечат од салмонела.

zena stomakСпоред него причина за труењето била храната што ја јаделе во Скопје, бидејќи пред да си заминат за Штип, купиле сендвичи од една позната сендвичара лоцирана во центарот на Скопје, по што почнала нивната “одисеја”

-Наместо да се вратиме среќни и задоволни од шопингот, ние едвај го издржавме патувањето и од кола сите завршивме на инфузија во штипската болница на одделението за инфективни болести.

Доколку лабораториски се потврдат сомневањата дека храната е контаминирана со оваа опасна стомачна бактерија, тој најави дека ќе бараат отштета од сопственикот, менаџерот на сендвичарата, односно ќе поднесат тужба за сите стресови и последици што ги имаат од труењето.

Штипјанецот ни кажа дека имал информации дека сендвичарата била затворена, но по денешната обиколка на „Вечер” на лице место утврдиле дека таа работи со полна пареа. Лазар не сакаше да го обелодени името на сенвичарата предвреме, во интерес на објективното информирање, за да можат инспекторите, без притисоци да си го сработат својот дел од обврските.

Целата сторија на – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1