Сообраќајка во Скопје, повредени две лица


Утрото околу 4 часот на локалниот пат с.Кадино-с.Миладиновци-Скопје се случи сообраќајна незгода во која возило „тојота корола“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.С.(27) се лизнало од патот и се превртело во нива.

Според првичните информации, возачот исгубил контрола над возилото.goce delcev soobrakjajka

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни повреди се здобила другата сопатничка од возилото Н.Н.(31) и двете од Скопје.

И двете се префрлени во градската болницса „Наум Охридски“ каде Г.М. била задржана за понатамошно лекување, а Н.Н. по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1