Сообраќајката во Аеродром поради трка на 2 автомобили – повредени 2 момчиња и девојка


Автомобил Ауди -А3 со голема брзина удрил во бандера на булеварот Јане Сандански во населба Аеродром во близина на трговскиот центар Скопјанка.

Неофицијално во несреќата која се случила околу еден часот по полноќ се повредени две момчиња и една девојка, јавува Канал 5. Со возило на Брза помош тројцата повредени веднаш се пренесени во една од скопските болници.skopjanka

Тешката сообраќајна несреќа според неофицијални информации е резултат на трка во која учествувале два автомобили.

Неофицијално, освен Аудито А3 кое е преполовно на половина откако се забило во бандера на тротоарот учесник во сообраќајката е и Опел со скопски регистерски таблички.

Според информациите кои ги соопштија полициските службеници кои правеа увид на лице место нема загинати, но едно од лицата учесници има скршеница на пршлен и ребро.soobrakjajka-aerodrom-02_thumb_medium500_334

Единствено девојката имала поголема расеченица, поради која дошло до обилно крварење и биле префрлена на медицинска нега со возило на брзата помош.

Први на помош притрчале случајните минувачи, кои се нашле во близина и помогнале да ја извадат девојката која била заглавена на совозачкото седиште. Автомобилот долго време бил и во вертикална позиција, забиен во бандерата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1