Сообраќајки кај Маврови Анови – Се судрија цистерна и 2 шлепера – блокиран сообраќајот


Поради судир на една цистерна и два шлепери, повеќе од еден час беше во прекин сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови. Сега сообраќајот на овој правец е нормализиран, информираат од ЈП „Македонија пат“

soobrakj skopjeПопладнево околу 14.30 часот на овој патен правец кај местото Трница се судриле цистерна и возило со влекач, соопштуваат од СВР Тетово. Еден час сообраќајот бил во прекин, но само на едната коловозна лента.

Во 15.30 часот на ова место се излизгал уште еден камион со приколка,па сообраќајот бил во прекин во двата патни правци.

Во меѓувреме на патниот правец Маврово – Дебар се случила уште една сообраќајна несреќа кога, патничко возило удрило во товарно возило. Во трите сообраќајки нема повредени

Според информациите од Тетово, на овој патен правец има наврнато мало количество на снег, околу 1 до 2 сантиметри. Во Маврово пак снежната покривка достигнала и до 20 сантиметри.

Од СВР Тетово предупредуваат возачите кои возат по течението на реката Радика, односно по патниот правец Дебар – Скопје да бидат внимателни бидејќи постои ризик од одрони на земјиштето.

Според податоците на тетовската полиција, во текот на пролетта и есента на овој патен правец се случиле две сообраќајки, а едно лице го изгубило живото од одрон на земјиште.

Оттаму велат дека во овие месеци на овој патен правец е вообичаена појавата на одрони на земјиште, дрвја и камења, а во февруари и март вообичаени се снежните лавини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1