Теренско возило „туарег“ со скопски регистерски таблички ноќта кон саботата во скопската населба Тафталиџе удрил во неколку возила. Медиумите пишуваат дека учествувал заменик-министерот за труд и социјална политика
Од министерството за внатрешни работи потврдија дека доцна ноќта на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека возачот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал од местото на настанот
Во пријавата за сообраќајната несреќа било наведено дека лицето што го урпавувало „туарегот“ били алкохолизирано и избегало. Во „туарегот“ останала сопатничката со иницијали Т.К. којашто била приведена во полициска станица за давање исказ.
Во медиумите од различни извори засега постојат две верзии за несреќата. Според едната во инцидентот има повредени, а според втората неколку возила биле оштетени, но за сите официјални информации МВР детали најави подоцна во текот на саботата.
Кабинетот на заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов испрати реакција во врска со натписите на опозициските медиуми дека во текот на ноќта се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети.
Во продолжение реакцијата ви ја пренесуваме интегрално
Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последици” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.
Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината.
а се случила сообраќајна незгода, туку во прашање се доведуваат медиумските квалификации за последиците од инцидентот.