Мистерија на медицината: Родила три деца, а не им е мајка?!


Лидија Ферчајлд се шокирала кога дознала дека не е биолошка мајка на своите деца, иако сите три ги родила. Потоа морала да се брани од немилосрдната бирократија откако била обвинета за обид за измама на социјалната помош и илегално сурогатство.lidija-fercajld

Таа направила ДНК тест по разводот од сопругот, кога го предала барањето за социјална помош. Но, тестирањето покажало дека таа воопшто не е мајка на своите деца.

Социјалната служба потоа ја обвинила за измама на системот за помош, како и за илегално носење туѓо дете. Иако официјални сведоци присуствувале на нејзиното трето породување, тие верувале дека била сурогат мајка за некој друг.

– Знам дека ги носев, и знам дека ги родив. Немав никакви сомнежи – рекла Ферчајлд.

– Седнував навечер и вечерав со децата, и едноставно почнуваа да плачат. Само ме погледнуваа и ме прашуваа „што не е во ред“. Ми приоѓаа и ме прегрнуваа, а јас не можев да им објаснам, бидејќи ниту јас не разбирав – рекла таа.

По три рочишта на суд, нејзиниот адвокат се сетил на сличен случај во кој детето немало ДНК кое се совпаѓа со мајчината, бидејќи мајката била химера.711406-0-lydiafairchild

Генетскиот химеризам е ретка појава кога личноста е родена со делови на телото кои, всушност, припаѓаат на нивниот нероден близнак.

Секоја осма бременост, всушност, почнува како бременост со повеќе емброни, но во повеќето случаи само еден се развива во плод.

Делови од пропаднатиот ембрион можат во мал број случаи да се спојат со успешните, и да се развие фетус кој има два сета ДНК, кој умее да варира од орган до орган.

Во некои случаи луѓето можат да имаат поинаква боја на очите, дамки по телото, а некогаш и цел репродуктивен систем – или само јајчник – може да биде наследен од неродениот близнак.

Откако нејзиниот адвокат побарал дополнителни тестови, судот утврдил дека таа навистина има химеризам, така што сите обвиненија биле отфрлени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1