Една од најпознатите џихадистки, англиската невеста на Исламска држава, некогаш Сали Џоунс, сега позната под друго име, на својот Твитер профил пратила застрашувачка закана во врска со можни терористички напади на Лондон.
-Да бидам искрена, јас не би одела во центарот на Лондон во јуни и јули. Всушност, воопшто не би одела таму…, напишала Сали Џоунс, позната и како “госпоѓа Терор”.
Таа на Твитер исто така напишала и “Англија…Бум”, и тоа токму во моментот пред да биде суспендирана од страна на администраторите на оваа социјална мрежа.
По катастрофалната кариера како панк-рокерка, таа одлучила да премине во ислам, а потоа се омажила за екстремистот Хусаин, компјутерски хакер од Бирмингем кој минатата година бил убиен во еден од нападите на американските беспилотни летала во Рака.