Сопруга на македонски новинар апсена за проневера на злато?!


Сопруга на македонски новинар, долгогодишен телевизиски уредник, а сега раководител на интернет портал финансиран од Институтот Отворено општество (Сорос), била приведувана од полицијата за проневера на злато во фирмата во која работела,пишува Нетпрес.

Информацијата за Нетпрес ја открива еден од полицајците кои работеле на случајот.

zlatoТој вели дека и покрај тоа што полициската истрагата, во која директно учествувал, била спроведена најпрофесионално, а осомничената уапсена бидејќи во нејзината канцеларија биле најдени и запленети околу пет килограми необележано злато, сепак на крајот името на сопругата на новинарот, кој сега е еден од најжестоките поддржувачи на опозициската СДСМ и голем поборник за правата на ЛГТБ заедницата во Македонија, исчезнала од документацијата во предметот, и таа не била кривично гонета.

„Се сеќавам кога влеговме во дирекцијата на фирмата, лоцирана на скопски Бит Пазар, позната македонска компанија која работеше со злато. Сега веќе таа фирма мислам не постои. Имавме информации за проневера на злато, па почнавме истражни дејствија. Во текот на полициската истрага ги сослушавме и генералниот директор, и неа, која исто така беше на висока позиција во фирмата. Во канцелариите на двајцата фативме необележано злато. Кај неа околу пет килограми чисто злато, кое немаше никакви ознаки ниту обележја. Немаше ниту документација за него. Кога требаше да ја приведеме, таа почна да мокри во гаќи. Непријатна ситуација беше, помалку комична, помалку тажна“, раскажаува полицаецот, кој побара анонимност.

Тој вели дека и покрај тоа што целиот случај, со уште двајца негови колеги, го сработиле и документирале професионално, сепак на крајот осомничената не одговарала пред законот.

„Иако имаше цврсти докази против неа, незнам како на крајот нејзиното име го немаше во кривичната пријава. Го немаше ниту во документацијата од истрагата. Неколку години подоцна, од колеги во МВР чув дека по интервенција на тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, сопругата на новинарот била заштитена и била ослободена од кривичен прогон. Од колеги дознав дека тој новинар е близок со еден професор од правниот факултет во Скопје, истакнат член на СДСМ и поранешен министер, а тој професор, пак, беше одличен пријател со министерката Димовска. Информациите кои кружеа тогаш низ МВР беа дека новинарот го молел професорот да ги искористи своите блиски пријателски односи со министерката за да успее да ја спаси својата сопруга од сигурна затворска казна. Се сеќавам дека на обвинителна клупа во суд заврши само директорот на фирмата“, раскажува полицаецот.

Го прашавме за неговите двајца колеги, но ни рече дека знае само дека едниот исто како него, не работи повеќе во МВР, туку во една приватна фирма, а другиот бил од Охрид и дека незнае дали сеуште работи во полиција, или некаде на друго место, или пак веќе се пензионирал.

„Немам контакт со нив сега, но слободно може да ги побарате и да ги прашате за случајов“, ни рече полицаецот.

Успеавме дека го најдеме само неговиот колега, кој сега работи во една приватна фирма, а тогаш бил раководител на истрагата. Тој целосно ни ги потврди информациите и ни’ рече дека се’ што ни кажал неговиот колега е точно, од збор до збор.

Нетпрес побара од Министерството  информација за тоа дали жената на новинарот, кој често пие кафе со свој колега главен уредник во еден дневен весник од компанијата МПМ, била кривично гонета.

Но, во официјалното известување оттаму наведено беше дека во нивната документација нема македонски граѓанин со тоа име и презиме дека бил предмет на кривичен прогон.

Извор/Нетпрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1