Во Аеродром се крадат коли како алва – За пола година украдени 25 автомобили


Зголемен е бројот на кражби на автомобили на територијата на општина Аеродром, односно во првите шест месеци од годинава украдени се 25 автомобили за разлика од истиот период лани кога биле украдени 14 возила. Во првите шест месеци значително е намален бројот на прекршоци на територијата на општина Аеродром, како што се тепачки и физички напади, од 213 на 150, но се зголемил бројот на кривичните дела – од 824 на 1.003, констатирано е во шестмесечниот извештај на Полициската станица – Аеродром за периодот јануари-јуни 2014 година, кој се разгледуваше на последната седница на Советот на Аеродром.

kradec koliНадлежните оценуваат дека во оваа општина со 92.000 жители состојбата со јавниот ред и мир, поредокот и со сообраќајот е поволна.

– За тоа придонесува с` поголемото присуство на полицајци на терен и нивното превентивно дејствување. Тие на соодветен и ефикасен начин ги констатираа прекршоците и против прекршителите поднесуваа соодветни поднесоци – се вели во извештајот.

Од областа на криминалитетот, има намалување на семејното насилство, од 9 на 3 случаи, а се зголемиле тешките телесни повреди при семејно насилство од 6 на 11. Во првите шест месеци од годинава, за разлика од лани, регистрирани се и две убиства.

Бројките што се однесуваат на кривични дела против имотот велат дека е забележано намалување од 803 на 532 дела. Од друга страна, тешките кражби во приватни моторни возила се случиле за 74 повеќе од лани и имало 23 кражби повеќе на велосипеди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1